Виктор Божиновски е роден на 4 Јануари 1976 година во Куманово. Основно училиште завршува во ОУ “Браќа Миладиновци” во Куманово а средно во Гимназијата “Гоце Делчев”, исто така во Куманово. Дипломира на Правен Факултет “Јустинијан Први” во Скопје во 1998 година по што се вработува како Адвокатски приправник. Од 2001 година е примен во Адвокатската комора на Република Македонија и работи како адвокат се до Октомври 2005 година кога е изберен за Секретар на Општина Куманово. Во Ноември 2006 година е избран за Директор на ЈП “Водовод” Куманово и истата функција ја извршува се до Септември 2013 година, кога стапува на функцијата Раководител на Сектор за правни, имотно-правни и општи работи во Општина Куманово, а од Јануари 2018 година ја врши функцијата Раководител на Сектор за социјална и здравствена заштита, култура и спорт во Општина Куманово. Од 1 Јануари 2019 година повторно се враќа во приватниот сектор како Адвокат во адвокатска канцеларија “БОЖИНОВСКИ”.Адвокат Виктор Божиновски е магистрант по Кривично право и криминологија на постдипломските студии на Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје.Во праксата се занимава со кривично, стопанско, трудово, финансово, наследно и семејно право.